„Џонсон контролс“ ја сефтоса индустриската зона „Штип“

Bez autora
Oct 18 2011

Американската компанија „Џонсон контролс“ вчера ја почна изградбата на капацитетот за навлаки за автомобилски седишта, прва фабрика што се гради во технолошко-индустриската развојна зона „Штип“. Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 20 милиони евра, а во фабриката, во која ќе работат повеќе од 1.400 работници, треба да биде завршена и да почне со работа во септември 2011. година. Сепак, „Џонсон контролс“ со пробно и со производство од помал обем ќе почне уште кон крајот на оваа година во изнајмени простории во кругот на некогашниот текстилен комбинат „Македонка“ каде што ќе биде обучуван и раководниот кадар за фабриката. Ова ќе биде една од осумте наши фабрики во Европа, а втора во Македонија. „Џонсон контролс“, кој постои од 1885 година, има 154 илјади вработени во 200 фабрики во 150 земји во светот. Во конкуренција на уште шест европски и две африкански земји за овој капацитет, се определивме да ја градиме втората фабрика во Македонија поради нејзината добра поврзаност со земјите на ЕУ, добрата инфраструктура, постоењето индустриски зони и поволностите што ги нуди Владата.

„Џонсон контролс“ ја сефтоса индустриската зона „Штип“Американската компанија „Џонсон контролс“ вчера ја почна изградбата на капацитетот за навлаки за автомобилски седишта, прва фабрика што се гради во технолошко-индустриската развојна зона „Штип“.

Вкупната инвестиција ќе изнесува околу 20 милиони евра, а во фабриката, во која ќе работат повеќе од 1.400 работници, треба да биде завршена и да почне со работа во септември 2011. година.

Сепак, „Џонсон контролс“ со пробно и со производство од помал обем ќе почне уште кон крајот на оваа година во изнајмени простории во кругот на некогашниот текстилен комбинат „Македонка“ каде што ќе биде обучуван и раководниот кадар за фабриката.

- Ова ќе биде една од осумте наши фабрики во Европа, а втора во Македонија. „Џонсон контролс“, кој постои од 1885 година, има 154 илјади вработени во 200 фабрики во 150 земји во светот. Во конкуренција на уште шест европски и две африкански земји за овој капацитет, се определивме да ја градиме втората фабрика во Македонија поради нејзината добра поврзаност со земјите на ЕУ, добрата инфраструктура, постоењето индустриски зони и поволностите што ги нуди Владата. Речиси целото производство од фабриката во Штип ќе се извезува на европскиот пазар – рече Владимир Теплик, потпретседател на операцијата „Трим“ на „Џонсон контролс“.

Вицепремиерот Владимир Пешевски нагласи дека фабриката на „Џонсон контролс“ ќе го заживее Штип, но и Источниот регион и истакна дека ќе се зголеми животниот стандард бидејќи, според неговите сознанија, „Џонсон контролс“ исплаќал повисоки плати од просечната во македонската текстилна индустрија.

- Ова е значаен момент за Македонија бидејќи првпат во нејзината понова историја една корпорација од глобален карактер по вторпат за кус период инвестира во голем капацитет. Задоволството е поголемо и што тоа се случува во услови на големи бранувања во светската економија, а довербата ни е укажана и покрај економските тектонски бранувања кај нашиот јужен сосед - рече премиерот Никола Груевски.

Новата фабрика на „Џонсон контролс“ во индустриската зона „Штип“ ќе се гради на површина од 1.500 квадратни метри, а објектот ќе има корисна површина од 12.500 квадрати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik